Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона сениорската екипа на Топ гол од Битола ги промовира двете нови засилувања. Јована Каралиоска и Јована Јованоска се младински репрезентативки кои минатата сезона настапуваа за екипата на Цевитана од Прилеп.
-Станува збор за млади и надежни фудбалерки кои доаѓаат Прилеп, а со нив ќе ја подобриме одбраната и нормално ќе ја зголемиме конкуренција во тимот. Каралиоска и Јованоска веќе тренираат според индивидуална програма и веќе од идната недела ќе се приклучат со екипата. До крајот на преодниот рок ќе се доведат уште неколку млади фудбалерки, изјави Кире Грбевски шефот на стручниот штаб на Топ гол.








