Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарена слама во ЗК “Пелагонија“, во сообраќајка тешко повреден моторциклист

На 05.08.2024 во СВР Битола било пријавено дека во  атар на с.Породин, битолско, во парцела на ЗК „Пелагонија“ АД Битола настанал пожар при што изгореле околу 20 ролни со слама, а оштетен бил уредот за наводнување.  Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 05.08.2024 во 11.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Димитар Илиевски Мурато” и ул. „Христо Христов” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 37 годишно лице од Прилеп и мопед „априлија” со битолски регистарски ознаки, управуван од 31 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »