Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер финалист на Струшкиот турнир, го “растури“ грчки ПАОК

Еурофарм Пелистер – ПАОК 36:20 (19:6)

Еурофарм Пелистер од Битола е финалист на меѓународниот струшки турнир, а по победата над грчки ПАОК закажа финале со Вардар. Еурофарм Пелистер одигра за убедлив триумф со 36:20.

Уште од почетокот на натпреварот Еурофарм Пелистер ја тргна неизвеснота кој ќе биде финалист, а со головите на Кузманоски, Радивојевиќ, Радивојевиќ, предноста растеше од минута во минута и на пауза беше 13 гола.

Второто полувреме започна како и првото со доминација на “пелистерци“ па тренерот Ангеловски, им даде шанса на Мијушковиќ и Печурица, кои дојдоа од вториот тим. Еурофарм Пелистер поведе и со 18 гола разлика, во натпревар кој беше решен од стартот.

Кај Еурофарм Пелистер најефикасни Радивојевиќ со 9, Кузманоски со 6, додека голманот Ивиќ запиша девет интервенции.

Во финалето Еурофарм Пелистер ќе игра против Вардар, утревечер од 21 часот, а тоа е шанса за битолчани за 14 титула во Струга и се израмнување со Вардар. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »