Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го промовираше новиот дрес и новиот пивотмен Самоил Ристевски

Пред официјалниот старт на сезоната и утрешниот натпревар од Супер Купот, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола го промовираше новиот дрес и со новиот кружен напаѓач. Новото име е тинејџерот од Битола, пивотот Самоил Ристевски, младински репрезентативец на Македонија.

Самоил Ристевски доаѓа од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер, доаѓањето на млади ракометари од “двојката“  е континуиран процес.

Самоил Ристевски е 18-годишниот кружен напаѓач кој  зад себе има две сезони во Суперлигата, настапи во плеј-офот и на големите натпреварувања со младите селекции на Македонија.

Ристевски е пријавен за натпреварите од домашната и меѓународната сцена и наскоро се очекува неговото деби.

Истовремено, Ристевски премиерно го облече новиот зелено-бел дрес, кој промотивно екипата на Еурофарм Пелистер ќе го носи на Суперкупот на Македонија во Гевгелија.