Еурофарм Пелистер Битола соопштува дека го отвора процесот на продажба на сезонски билети за сезоната 2024/25. Сезонскиот билет ги опфаќа сите домашни натпревари во сите натпреварувања во спортската сала „Боро Чурлевски.
Цените на сезонски билети за натпреварувачката 2024/25 година ќе изнесуваат:
-6.500 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина)
-5.500 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина).
Вашиот билет може да го резервирате на www.kartieurofarm.mk најдоцна до недела 15-ти септември напладне. Оставаме можност и за купувате сезонски билети на повеќе рати. Таа можност ја имате во клупските простории в четврток (12 септември) од 12:00 до 16:00 часот, в петок (13 септември) од 12:00 до 16:00 часот и в сабота (14 септември) од 11:00 до 15:00 часот.
Во претходниот период голем број нашите симпатизери, навивачи и приврзаници ги потврдија местата од ланските сезонски билети и за оваа сезона.
Се гледаме во спортската сала „Боро Чурлевски“.










