Press "Enter" to skip to content

Со повеќе млади ракометари Еурофарм Пелистер лесно ја победи Струга во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Струга 37:20 (13:12)

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер вечерва во Битола со изменет состав во кој беа помладите ракометари лесно дојде до втората победа во Супер лигата, ја победи Струга во 17 гола разлика, 37:20, полувреме 13:12, пред натпревар од 2. коло од Лигата на шампионите во среда. Тренерот Бранислав Ангеловски очекувано одмори повеќето првотимци, а оние кои беа на терене пропуштија да ја искористат укажаната прилика, а посебно младиот Самоил Ристевски.Во почетокот на натпреварот и во текот на првото полувреме Еурофарм Пелистер немаше некоја резултатска предност, а во второто полувреме “пелистерци“ ја набилдаа разликата која на крајот беше +17. Во вторите 30 минути постигнаа 24 гола. Најефикасни кај Пелистер беа Петровиќ и Цехте со по седум гола и Ристовски и Борзаш  постигнаа по шест погодоци. 

More from СпортMore posts in Спорт »