Press "Enter" to skip to content

Голманот Никола Митревски: утрешниот натпревар против Берлин во Битола е нова шанса за докажување

На официјалната задолжителна прес конференција пред утрешниот прв натревар од Лигата на Шампиони кој ќе одигра во Битола најавата ја направи голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски. 

Бундеслигашот Фуксе Берлина доаѓа утре во Битола, а Митревски за овој натпревар рече:

-Засега подготовките одат во најдобар ред. Го очекуваме вицешампионот на Германија кој е една од најсилните екипи во Европа и за нас тоа е нова шанса за докажување. Ни претстои прв натпревар на домашен терен, очекуваме полна сала и огромна поддршка од публиката и од „Чкембарите“. Со нив ќе се обидеме да го оствариме она што не успеавме на претходниот натпревар.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра во салата „Боро Чурлевски“ во среда од 20:45 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »