Press "Enter" to skip to content

Ангеловски: вечер во Битола да го повториме добриот меч од Париз и против Фуксе Берлин

Вечерва во Битола македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го очекува првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, а ќе гостува бундеслигашот Фуксе Берлина.

Тренерот на “пелистерци“ Бранислав Ангеловски посакува меч како против ПСЖ во Париз каде се загуби со тесна разлика и се покажа голема борба, а на официјалната прес конгеренција рече:

-Сакам веднаш да испратам повик до нашите верни навивачи. Би сакал натпреварот во Париз да биде само една најава за она што следува в среда. Трибините да бидат полни и сигурен сум дека со нашиот осми, деветти играч можеме да повториме уште еден добар натпревар како тој во Париз и да се надеваме на поволен резултат, а тоа е победа.

За тоа како ќе изгледа тимот вечерва и дали ќе игра Усама Хосни, Ангеловски додава:

-Не можам да кажам дали Усама Хосни ќе игра. Тој е три недели надвор од тренажен процес. Даде позитивни сигнали, но далеку е натпреварот. Ни требаат шеснаесет „војници“ за противник како Фуксе Берлин. Сигурно дека ќе треба и тактички, и физички и ментално да бидеме подготвени.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра во салата „Боро Чурлевски“ вечер од 20:45 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »