Press "Enter" to skip to content

Одлично деби на 18 годишниот Самоил Ристевски од Битола во тимот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Шампиони (фотогалерија)

Само пред две седмици екипата на Еурофарм Пелистер од Битола го промовираше новиот дрес со новиот млад ракометар, Самоил Ристевски, пред официјалниот старт на сезоната и натпревар од Супер Купот, а таа вест не наиде на некое големо внимание, туку како нормално продолжување на кариерата на еден млад ракометар.Синоќа младиот ракометар Самоил го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампиони во Битола, против големиот бундеслигаш Фуксе Берлин, каде постигна три гола, а таа вест се најде на сите насловни страници.Како дебитант од страна на тренерот Бранко Ангевески беше одреден да биде дел од официјалната прес конференција по завршувањето на напреварот од Лигата на шампиони.Скромниот Самоил на пресот скромно си го кажа својот детски сон.-Да играш во Лигата на шампионите е сон за секое дете кое игра ракомет. Секако денес Фуксе беше подобар и мислам дека собравме искуство од овој меч. Се надеваме на подобри игри во следните натпревари, изјави кратко Ристевски.Нормално во неговиот глас се чуствуваше возбудата од се она што го доживеа синоќа пред полна сала, деби во Лига на Шампиони, три гола, пенали над него, рамноправно играње со големите ракометари од неговиот тим и ракометари Бундес лигата, кои секако му биле идоли, и секако аплаузите од публиката која со аплауз го награди неговите први три гола.Тинејџерот од Битола, пивотот Самоил Ристевски е младински репрезентативец на Македонија.

Самоил Ристевски е 18-годишниот кружен напаѓач кој  зад себе има две сезони во Суперлигата, настапи во плеј-офот и на големите натпреварувања со младите селекции на Македонија.

Во Еурофарм Пелистер од “двојката“, а неговото доаѓање во првиот тим е континуиран процес кој го применува Управата на клубот.Со фотогалерија од неговиот прв настап во Лигата на шампиони му го честитаме дебито и му посакуваме успешна кариера е ние ќе продолжиме следење на неготото напредување како и досега, кога пред една години кога на прашањето како ја гледаш твојата кариера понатами, ни го кажа својот ракометен сон и рече:-За понатаму уште немам добро размислено со оглед на тоа што сум млад играч и сакам да го направам најдобриот избор за мене и секако за мојата кариера. Имам една цел и тоа е да играм во Лига на шампиони.

Фото: Дамијана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »