Press "Enter" to skip to content

Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 45. издание на “Манаки“ во Битола

Секој филсмки фестивал, секако покрај наградите, е познат и по црвениот тепих, па така и нашиот, фестивал на филмската камера во Битола , “Браќа Манаки“, кој се отвори вечерва, 45. јубилеен, по ред, пред Центарот за култура во Битола. Пред свеченото отворање на фестивалот на црвениот тепих поминаа добитникот на Златна камера 300 за животно дело, Специјална камера 300 и Почесната Златна камера 300,  жирито на фестивалот, добитникот на филмската ѕвезда…Поминаа и политичари, премиерот, министри и пратеници, градоначалници, бизнисмени, актери, режисери, директори, професори, почесни конзули…Низ мега фотогалерија ќе ви пренесеме дел од гостите и публиката кои помина вечерва по црвениот тепих во Битола.

Фото: Дамијана Ристевска