Press "Enter" to skip to content

6. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со 1.800 учесници и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии

И оваа година, по 6. пат, точно, како и беше најавено, во 8,30 часот, наспроти саат кулата на улицата покрај реката Драгор во Битола стартуваше првата трка на 5 километри од “Трчај бе со Алпско“, а потоа според временска планинара разлика старуваа  натпреварувачите кои трчаа на 10 и 21 километри,  а секако тука меѓу 1.800 тркачи најсерозни беа натпреварувачите на 21 километар. На трите трки во Битола, “Трчај бе со Алпско“, зедоа учество околу 1.800 пријавени, од 25 земји, кои  трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа “team building activities“. Ќе ги споменеме болницата “Плодност“, “Кромберг и Шуберт“, “Таскфорс“, Горната Гимназија, “Битолањуз“, Медицинско,“Симпекс“, КУД “Илинден“, “Графопром“, Синдикат РЕК, Халк Банка, од Полицијата, УКЛО, “Боди М“, “Пелистерка“, “БиМилк“, “Карпатија“, “Гет Ван“…, или како рекоа организаторите ова е најголемиот “тим билдинг“ настан.На стартот беше и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски кој се дружеше со натпреаврувачките од Нигерија, кои изразија воодушевеност од патеката и градот.

Стартот го означи дитекторот на “Трчај бе“, Никола Димитровски, кој претходно ги поздрави сите учесници и битолчани покрај  целата патека.

-Имаме 1.800 учесници што за нас е голем успех. На сите кои се присутни утрово тука сакам да им посакам добра забава, на сите гости во Битола убав престој во напиорт град, а секако на сите натпреварувачи во трите категории со успех да ја истрчаат зададената патека, секако најдобрите да победат, а и да постигнат лични рекорди, рече Димитровски.На трката  во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, но, сепак најбројни беа рекреативците и оние кои трчаат 5 околу 1.400, а ги имаше од сите возрасти и професии, спортисти, професори, бизнисмени, ученици – основни и средношколци, студенти, политичари, рекреативци…Оние поодважните и подобро подготвени им кои секојдневно тренираат на 1о километри. Секако најподготвените тргнаа да трчаат полумаратон на 21 километар.Трката помина во одлична организација, за што организаторите добија пофалби од сите, а за среќа немаше ни повреди на учесниците.-Јас трчам рекреативно но и на други маратони, но денес еве сега сум  “Трчај бе со Алпско“ на одлична манифестација со многу учесници и публика. Јас не сум можеби највозрасниот натпреварувач, но сакам да упатам апел сите да трчаат, цела година, не само на трката, а тука до година да бидеме 2.000 битолчани. Ова ми е проба за  наредниот предизвик, за маратонот во Солун, Грција, во октомври, ни рече Тони Решњак од Битола, полициски службеник и голем вљубеник во спортот и планината.Решњак и повозрасните од него, ветераните, докажаа дека дека со спортски дух  и добра кондиција годините немаат значење и лесно можат да истрчаат 5, 10 а и 21 километар.Покрај спортскиот дел, учесниците имаа и прилика да се дружат, да се забавуваат, а за забавниот дел  се погрижија тандемот водители  на трката “Трчај бе со Алспко“ актерите Николче Пројчевски и Марјан Горгиевски, “појачани“ со спортскиот новинар Зоран Мишевски.Тука беше и тимот на “Битолањус“ кој го предводеше фоторепортерот Дамијана Ристевска, заедно со Ана Ицковска и Ивана Кузевска, која рече:

-И годинава на почетокот на септември, продолжуваме со нешто добро за Битола кое еве продолжи да живее и да собира голем број битолчани, кои се мотивирани. Јас трчам по 4. пат на 5 километри, а се надевам дека до година ќе трчан на 10 километри. продолжувам да трчам и во текот на годината, но ќе продолжам со посилно темпо, а догодина ќе бидеме поголем тим.Организаторитес со одлично подготвена најава, програма, и трка како и секоја години, ги мотивираат натпреварувачите и ја забавуваа публиката на плоштадот кај Саат кулата, а загревањето, како и секогаш, го направи за сите натпреварувачи Зоран Лазаревски – Паљото.И овој пат имаше и забава на стартот на бината, а и дополнителната музичка програма по патеките, каде беа поставени окрепителни станици за тркачите.Низ повеќе од сто фотографиите пренесуваме  дел од атмосферата и како се одвиваше трката, но и како беше покрај патеката, каде од рано наутро беа присутни битолчани кои ги бодреа сите кои се одважија да трчаат денес, недела во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »