На два часа пред натпреварот со Широки Бријег, со обраќање до спортската јавност и љубителите на кошарката и спортот во Битола во кое се вели:
-Уште еднаш ги повикуваме сите битолчани и искрени спортски фанови да дојдат во салата „Боро Чурлевски“ и да им дадат поддршка на нашите кошаркари на отворањето на сезоната во АБА2 лигата.
Денешниот меч (18 часот) е првиот меѓународен кошаркарски натпревар во историјата што се игра во Битола, а вашата помош ќе биде добредојдена, за заедно со борбата на терен за која гарантираме дека ќе ја има во текот на сите 40 минути, заеднички да се стигне до победата што сите толку многу ја посакуваме.
КК Пелистер од година во година се повеќе расте, со доаѓањето на оваа управа во 2023 уште повеќе се кренаа стандардите, но и очекувањата на резултатски план. Станавме препознатлив бренд не само во Битола, туку и во мак-баскетот, а за дополнително ширење во регионот неопходна ќе биде и Вашата поддршка.
Затоа, во 18 часот бидете во „Боро Чурлевски“ и дајте им поддршка на „зелено-белите“. Пелистер и Битола, тоа е едно… и само заедно можеме да чекориме кон уште поголеми успеси.