Press "Enter" to skip to content

Сашко Коцев ги пресмеа битолчани со стенд-ап шоуто “Широк дијафазон“, настапи во Центар за култура Битола (фотогалерија)

Публиката во Битола вечерва ја исполни до последно место Големата сала во Центар за култура за стенд-ап шоуто на Сашко Коцев, “Широк дијафазон“, а претходно актерот ги распродаде влезниците за неколку часа.Пред почетокот на шоуто директорката на Центар за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски ја најави новата сезона, во месец октомври, во јубилејната година, а ќе биде исполнета со концерт, балет и други значајни настани.-Со настаните кои се веќе запишани во календарот на Центарот за култура Битола, за месец октомври ќе докажеме дека ние сме Центар за култура со најмногу и најквалитетни настани во Македонија. Тоа го дакажавме и вие го докажавте вечерва на првиот настан во Центарот, на актерот Сашко Коцев, а поради големиот интерес закажавме уште едно стенд-ап шоу за дваесетина дена, рече Маја Андоновска – Илиевски.Настапот на популарниот македонски актер предизвика интерес кај битолската публика која цела вечер се смееше и уживаше  и на моменти се пресмеа во извонредниот перформанс на Сашко.Темите за кои зборуваше и здравиот хумор ги смееше битолчани, а  не моменти и сам се изнасмеа, се човечки од реалниот живот: за патувањата, за летните и зимски одмори, за односите маж-жена, децата… За зависноста од социјалните мрежи ги погоди со зборовите:

-Снимајте, фотографирајте и постирајте на социјалните мрежи, за инает (да им е мака) на оние што не најдоа, купија  карти за ова стенд – ап шоу, а битолчани му возвратија со големи аплаузи.За време на 120 минути или два часа се зборуваше и смееше и на темите за аномалиите на општествените случувања.Пред настапот беше емитувано кратко видео кое ги изработи неговиот колега, актерот Александар Михајловски, а беа прикажани материјали за актерот Сашко Коцев собирани во тек на изминативе години.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »