Press "Enter" to skip to content

Комеморација во болница “Плодност“ – Битола за загинатите Александар, Никола и Фанче (фтотогалерија)

На пладне во болницата “Плодност“ во Битола се одржа комеморација за загинатите примариус д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, кои вќера го загубија животот во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, доаѓајќи на работа во “Плодност“.Комеморацијата започна се минута молчење во чест на загинатите Ацо, Николче и Фани.Главната медицинска сестра Ребека Романова Алексовска, низ солзи и плач, зборуваше за ликот и делата на загинатите, поседно за сите, но за сите кажа дека биле професионалци во работата, одлични родители, татковски, сопрузи, ценети кај сите вработени во болницата.-Ние загубивме колеги, пријатели, блиски, стручни и ценети професионалци, загубивме дел од нашето “Плодност“ семејство. Тројцата наши соработници од Прилеп, кој секојдневно патуваа на своите работни места во нашата болница, за жал прерано ги зграснаа животите.Ребека Романова Алексовска прочита и дел од стотиците телеграми, писма и пораки кои пристигна во болницата, од Битола, Прилеп, Македонија, Европа, од поранешни вработени, пациенти, пријатели на загинатите.Синот на Александар преку порака му се заблагодари на болница “Плодност“ за тоа, како напиша, за најсреќните работни години кои неговиот татко ги поминал во “Плодност“ опкружен со пријатно колеги, за кој не претставувало да патува секој ден од Прилеп на работното место.Примариус д-р Таше Трпчевски, кој сите го познаваме како цврст човек и во својата професија видел се, не успеа да ги скрие емоциите, и и тој како и останатите низ солзи зборуваше. -Ми се чини дека во мојот живот не сум имал ваква тешка задача да го одржам овој мемоморијал говор, и не би салал да се повтори никогаш. Претпевме тешка загуба од прераната смрт на нашите колеги, а ова го зборувам во името на сите вработени. Немаме зборови да ја искажеме нашата тага. Велат дека смртта не боли, но боли празнината, тагата и болката за згубениот… Боли тоа што никогаш повеќе нема да ги видиме. Ова огромна штета за нивните семејства, огромана штета за нас, огромна штета за нашите пациенти. Тие си отидоа но нивните племени души ќе останат во нашите срца, ќе бидат со нас   и ќе запаметиме во нивнита огромна грижливост во работата.  Иако ги загубивме, мислам дека беше привилегија, и искажувам благодарност што бевме дел од нивните животи. Нивните души нека останат во мир, е ние ќе ги чуваме во нашите срца, рече примариус д-р Таше Трпчевски.На комеморација присуствуваше и зборуваше градоначаникот на Прилеп, Борче Јовчески, и самиот лекар, кој постети на неговото пријателство и соработка на професионален план со Александар Ристески.

More from ВестиMore posts in Вести »