Press "Enter" to skip to content

Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска

Екипата на Народен театар Битола за време на своето гостување во Полска, беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска г-дин. Јасмин Ќахил. Во една пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата.

Имено претставата “Хамлет-денот на убиствата“ од Бернар Мари -Колтес во режија на Марјан Неќак, ќе се прикаже вечер на Интернационалниот Фестивал “Direction east“ во Бјалисток .

Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска. Марјан Неќак е и автор на музиката, сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »