Press "Enter" to skip to content

Пелистер лесно победи во Кавадарци и ги потврди амбициите за трофеј

Тиквеш – Пелистер 96:84

Кошаркарите на Пелистер од Битола со лесна победа ја почнаа новата сезона во Првата лига и како гости рутински го победија Тиквеш со резултат 84:96, со што актуелниот вицешампион ја оправда фаворитската улога и на паркетот во “Јасмин“ во Кавадарци.

По рамноправниот старт на натпреварот Пелистер направи серија од шет поени за водство од 7:10, и плус влегоа во шутерски ритам, па со тројките на Ташовки и на Мишковиќ стигнаа до 9:16. Тиквеш ја намали негативата и првата четвртина заврши со само два поена разлика 21:23.

Кошаркарите на  Александар Петровиќ ја создадоа клучната разлика во втората и третата четвртина, а на паузата Пелистер водеше со 37:49. “Пелистрерци“ влегоа одлично и во второто полувреме, а за само неколку минути веќе имаа 44:65. Третата четвртина заврши со 57:76, а потоа се беше рутина до првиот триумф на стартот на новата сезона.

Во следното коло Пелистер ќе се соочи во дербито против шампионот МЗТ Скопје.