На прес-конференцијата по завршувањето на натпреварот во Битола помеѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг зборуваа тренерот Бранко Ангеловски и голманот Никола Митревски.
Тренерот Ангеловски на пресот го потенцираше значењето на овој бод против силен ривал, кој досега во сезоната загуби само од Барселона и додаде:
-Скршивме єдно бреме, ни падна еден притисок, ко го носевме долго време и тоа се рефлектираше на резултатите. Моите играчи, моите борци веруваа до кра во позитивен резултат со силен ривал. Спортинг досега има одиграно 20 натпревари, 18 победи, еден пораз од Барса и едно реми со нас. Не сакав тоа да го кажам пред мечот да не излезе дека бараме алиби. Одлично игравме 45 минути, но неколку наши грешки и грешките на судиите дозволија Спортинг да го сврти резултатот во своа корист. Сепак, на крајот успеавме некако да стигнеме до бод и затоа благорадност до целиот тим – од економот до менаџментот, кои веруваа во наша добра игра. Штета што не победивме, но сметам дека имаме шанси да оставиме подобар впечаток.
Никола Митревски беше на висина на задачата кога најмногу требаше и со своите фантастични интервенции во клучните моменти беше еден од најзаслужните за големиот бод, а на пресот рече:
-Ова беше тежок, многу тежок натпревар. Одлично игравме 45 минути, но неколку наши грешки доведоа до тоа тие да направат целосен пресврт. Сепак, нашата упорност и верба во себе доведе до тоа на крајот да освоиме бод. Сите имаат заслуги за овој бод и им честитам за пожртвуваната игра. Но кога ќе се гледа во целост, мислам дека вечерва загубивме еден бод.










