Press "Enter" to skip to content

Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме

Кошаркарите на Пелистер од Битола после три победи отпатуваа во Подгорица, Црна Гора, каде во рамките на во АБА2 лигата, им гостуваат на тимот на Подгорица.

Пред гостувањето во Подгорица, тренерот на Пелисте, Александар Петровиќ ги изнесе своите очекувања-

-Одиме во Црна Гора да се надигруваме. Противникот смени тренер, дојде селекторот на Црна Гора и очекувам поинакво издание во периодот кој следи. Ние имаме проблеми со повредата на Бојиќ на натпреварот со МЗТ но очекувам добро да ја презентираме македонската кошарка, па нека победи подобриот, изјави Петровиќ.

Натпреварот меѓу Подгорица и Пелистер се игра денес, вторник во терминот од 18:00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »