Press "Enter" to skip to content

Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година

Членот на Еурофарм Пелистер, младинскиот репрезентативец, Самоил Ристевски, и во следните четири години останува во Битола и ќе го носи дресот на шампионот Еурофарм Пелистер. Ристевски ја продолжи соработката со шампионот и ќе остане во Битола најмалку до 2028 година, по прекомандувањето од од вториот тим на Еурофарм Пелистер и  добивањето шанса во првата екипа и на натпреаври од Лигата на шампионите.

-По само неколку натпревари во тимот на Еурофарм Пелистер, кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски потврди дека местото му е во нашиот проект и во иднина. Затоа клубот го препозна неговиот талент, напредок и проекција и потпиша договор до 2028 година. 18-годишниот Ристовски е продукт на школата на клубот и на позицијата кружен напаѓач веќе дебитираше во националните репрезентации на Македонија и неговиот квалитет е препознат насекаде. Потписот на Ристовски е само продолжување на проектот најдобрите македонски ракометари да играат во македонскиот шампион, сопштија од Еурофарм Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »