Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на Шампиони

Висла – Еурофарм Пелистер 26:18

Еурофарм Пелистер од Битола доживеа нов пораз во Лигата на шампионите на гостувањето кај Висла со резултат 26:18, полувреме 13:11.

Натпреварот се отвори лошо за “пелистерци“ со технички грешки, што Висла тоа го искористи и дојде до 9:2. И по овој момент, домашниот тим како да се опушти, па Еурофарм Пелистер се врати во мечот. Со серија на голови, а пет и пол минути без постигнат гол за Висла, зелените од Битола се доближија на само два гола негатива 12:10, пристоен минус од два гола кој остана и до паузата 13:11.

На стартот на вториот дел Висла со серија ривалот замина на 15:11, а потоа и на 20:14 и мирно го приведе дуелот во своја полза. Највисоката предност која Висла ја имаше на натпреварот беше осум гола 23:15.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш даде четири гола, а Манасков и Радивојевиќ погодија по три пати. Голманот Никола Митревски фати седум топки.