Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј со победа на стартот на сезоната

Универзитет Тетово – Пелистер Волеј 0:3

(10:25; 11:25; 09:25)

Екипата на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола ја започнува сезоната со победа во првото есенско коло на гостувањето во Тетово, против екипата на Универзитет Тетово. 

Битолскиот одбојкарки за помалму од еден час ја совладаа екипата на Универзитет Тетово во која доминираа од почеток до крај и не им дозволија на новите противнички шанси за пресврт.

-Секој почеток е тежок без оглед со кого играте, зошто не се тоа контролни и пријателски натпревари, туку натпревари за бодови, па не постојат мали и големи и секоја максимална победа е вредна 3 бода. Сеуште фалат некои стандардни играчи кои влечат полесни повреди, но сепак гледаме една покомпактна игра и екипа која почна добро да се познава меѓусебно и делува доста сигурно и самоуверено, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »