Press "Enter" to skip to content

Лука Стојановски: вчерашната победа е колективна, тренерот верува во сите нас, не радуваат “3 од 3“ победи

Синоќа екипата на Пелистер во Битола ја забележа и третата победа во третото коло во Првата лига, а го победија Куманово со 88:74.  Лука Стојановски беше човекот на одлука на синоќешниот дуел, одличниот бек погодуваше кога беше најважно, постигнувајќи вкупно пет тројки, но и давајќи значаен придонес во одбраната на битолчани против кумановци, а тоа публиката в0 Битола го награди со аплауз.

-Ние сме квалитетен тим и победа над Куманово треба да биде рутина за нас. Овојпат имавме лош старт, слаба комуникација во одбраната и самите си ја отежнавме работата, но најважно е што во вистински момент заигравме како што треба и со крајниот резултат го докажавме квалитетот што го поседуваме. Мојата добра шутерска партија е заслуга на тимската игра и несебичните потези на моите соиграчи. Ова беше колективна победа за која сите што влегоа на теренот дадоа свој придонес, рече Лука Стојановски.

Тој не го крие задоволството што повторно соработува со тренерот Александар Петровиќ, под чие водство бележеше одлични игри во дресот на Академија ФМП.

-Среќен сум во Битола, втора година сум овде, моите очекувања за сезонава се да стигнеме до најмалкуе ден трофеј и дефинитивно да направиме подобар резултат во АБА2 во однос на лни. Тренерот Петровиќ има огромен придонес за хемијата во екипата и за добриот старт на сезоната. Тој е тренер што верува во секој поединец, неговиот карактер и позитивна енергија се рефлектираат врз играчите, па сите ние настапуваме со голема самодоверба под негово водство, вели Стојановски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »