Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва во Битола за противик го имаше ракометниот гигант Веспрем од Унгарија, а битолчани ја имаа приликата да ги гледаат големите ракометни имиња како голманот, шпанецот, Родриго Коралес кој занележа петнаесет одбрани, поранешниот вардарец Лука Циндриќ, предводени од тренерот Чави Пасквал.
Љубителите на ракометот во Битола ги поздравија и головите на капитенот Филип Кузмановски, одбраните на Никола Митревки и првиот гол на Алем Хаџиќ во дресот на Еурофарм Пелистер во ЛШ.
Но, екипата на Еурофарм Пелистер уште ќе чека на првата победа во Лигата на шампионите, а новата шанса за бодови битолчани ќе имаат на гостувањето во Данска кај Фредериција.
На трибините беа и педесетина навивачи на Веспрем со кои битолчани се дружеа пред натпреварот во кафулината на Широк Сокак, а како знак на ново пријателство разменија и шалови со клубските амблеми и навивачки пораки.
Низ фотогалерија кој се беше на трибините во Битола и каква беше атмосферата низ објективот на Дамијана Ристевска.
[ngg src=”galleries” ids=”2163″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”33″ order_by=”filename”]










