На пладне на Широк сокак минувачите имаа прилика “во живо“ да ја следат најавата на вечерашниот натпревар од АБА2 лигата, кој ќе се игра во Битола каде Пелистер ја пречекува екипата на Џокер, тим на НБА кошаркарот Никола Јокиќ.
-Тука на Широк Сокак имаме одлична атмосфера, ние кошаркарите, стручниот штаб, навивачите, битолчани кои се со нас, кои застануваат и разговараат со нас. Ова нам многу ни значи, се чуствуваме како дел од Битола, како дел од битолчани, а и со право, одлично сме примени во Битола без разлика кој од каде доаѓа.
Би сакале и вечерва да биде ваква атмосфера, и заедно да стигнеме до победа која е многу значајна за нас, порачуваат кошаркарите.
На барање на навивачите КК Пелистер денес започна со продажба на брендирани дресови, шалови и капи, кои се продаваат на Широк Сокак, а пред почетокот на натпреварот и во спортската сала.
За брзо комплетната палета на дресови, дуксери, тренери, ранци… ќе се продава во “Лукас“.
Кошаркарите ги поделија флаерите, ја искористија приликата, и уште еднаш, да ги поканат сите љубители на кошарката од Битола, да дојдат вечер, во 18 часот, во спортската сала “Боро Чурлевски“ и да заедно да дојдат до победа, како што најави и капитенот на Пелистер, Дарко Најдовски.

Кошаркарите заедно со навивачите на Широк Сокак во Битола го најавија дуелот со тимот на Јокиќ
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)









