Во Битола заврши Четвртото издание на Фестивалот на Малата школа за краток филм „Petite École du film court“, одржан во рамките на програмата за одбележување на 4 Ноември, Осумдесет годишнината од денот на ослободувањето на градот Битола. За прв пат меѓу школската публика имаше и деца на возраст од 5 до 7 години, за кои ова беше првото филмско искуство во вистинска кино сала.
Организатор на фестивалот, здружението AYE AYE VO/Меѓународен филмски фестивал Нанси има дваесет годишно искуство во работата со младата публика и приближувањето со сите форми и жанрови, претставени со кратки филмови, прилагодени на возраста на децата. Акциите кои ги спроведува кај младата публика, се дел од „воспитувањето“ преку филм или сега наречено „Филмска писменост“. Нивната долгогодишна акција е призната од Француското министерство за култура и Националниот центар за филмска уметност на Франција – ЦНЦ.
Токму во таа насока, реализирањето на фестивалот доби силна финансиска поддршка од Општината Битола, која го запиша во официјалната програма за одбележувањето на 80 годишнината д ослободувањето на Битола. Имено, градот Битола со отворени раце го прифати фестивалот пред пет години и оттогаш само ја засилува поддршката. Доаѓањето на фестивалот во Битола, беше на иницијатива на Вера Соклевска -одделенска настава во чие одделени, тогаш во село Гермијан, а сега во Новаци, започна македонската авантура, веднаш поддржана од екипата на НУ Центар за култура во Битола.
Францускиот институт од Скопје и Француската Алијанса од Битола исто така се важни партнери на фестивалот, со оглед дека се програмирани повеќе француски или европски филмови, за да одговори на барањето на Француската Алијанса и Францускиот институт особено да се претставува повеќе програма на француски јазик. Програма богата со емоции и откритија.
Теми прилагодени на возраста на публиката, теми кои зборуваат со неа, но и од приказни, во сите случаи фестивалски сесии кои ја трогнуваат и воодушевуваат публиката. Важно е да се нагласи дека сите размени со младата публика беа на француски – преведени на македонски јазик, како стимулација за изучување на Францускиот јазик меѓу младите, а повратните информации од наставниците и децата се многу позитивни. Фестивалот започна со проекции во училиштето Славко Лумбарковски во Новаци. Без црвени килими, пред НУ Центарот за култура на Битола, кој ги отвори вратите на своите кино сали од самиот почеток на фестивалот и пружа огромна помош преку техничките услуги и помошта за неговата реализација.
За прв пат во четиригодишното одржување во Битола, четирите програми поделени според возрастите на децата од 5-7 години, од 7-9 години, од 9-12 години и од 12 до 15 години, беа исти како тие наменети за француските деца. Во зависност од односната возрасна група, кинематографските дела се меѓународни, емитувани на оригиналниот јазик и титлувани на француски за проекции во Франција, титлови на македонски за проекциите во Македонија.
Целта на претставените филмови е да се запознаат децата со светот на кинематографијата од друг агол од оној на платформите, социјалните мрежи и телевизијата и да им се помогне да го развијат своето критичко размислување, да направат чекор назад од сликата која ја гледаат. Тимот на фестивалот, претставен во Битола од Бландин и Тони Гламчевски како носители на проектот ги придружуваше овие филмови, децата всушност беа охрабрени да разговараат на крајот од проекциите, да ги слушаат другите, да даваат свои мислења, да ги споделат своите чувства и емоции.
Доволно беше да се видат реакциите на првоодлеленците, кои известени од своите одделенски наставници дека ќе одат за прва пат на кино-проекција, за што зборуваа дури и на систематскиот преглед со медицинскиот персонал на Школската амбуланта во Битола, ентузијазам кој се почувствува и во кино-салата кога аплаудираа во ритамот на песните и музиката на филмот „Гитара во Морето“ или кога и почнаа да танцуваат во ритамот на музиката на „Грамофонот“.
Повозрасните ученици зборуваа и дебатираа за темите како вознемирувањето-мобингот на кој понекогаш се за жал жртви младите, тема обработена преку канадскиот филм од Квебек – „Трик/Надмудрување“, борбата против културата на сексизам и силување на француските средношколци обработени преку филмот „Крок-Топ“. Потребата за заштита на нашата планета, преку анимираниот филм „Осмиот ден“ или сведоштвото на Јулија-Јутка за депортирањето на евреите од последното гето во Полска, преку анимираниот полски филм „Несоницата на Јутка“. И вака вкупно 17 кратки филмови, сите со свои пораки или теми за дискусии, кои одлично се вклопуваат во школската програма ако во Македонија, така и во Франција.
Како што објаснија наставниците, кои ги донесоа своите ученици на проекциите, за филмовите ќе продолжат да зборуваат и по враќањето во нивните училници. Сите проекции на фестивалот за краток филм Мала Школа за краток филм беа бесплатни во Македонија, Организаторите на фестивалот организираа и работилница со наставниците од битолските училишта на која беа запознати со начинот на работата на воспитните ателјеа наменети за децата за воспитување преку краток филм.
Во Македонија воспоставената соработка со Центарот за култура во Битола и здружението AYE AYE VO/FIF Nancy трае веќе 5 години, бидејќи едно издание од фестивалот на Малата школа за краток филм беше откажано поради пандемијата со ковидот, а двете структури соработуваат и при организирањето на Меѓународниот етнографски филмски фестивал Илинденски денови – Битола. Искуството на екипата од Нанси, која веќе 20 години организира фестивал за училишта (од градинка до деветто одделение), Фестивал на школски филм за краток филм, кој годинава треба да пречека околу 2000 деца во Нанси, регионот Гранд Ест и Македонија.











