Press "Enter" to skip to content

Стефанија Алексовска и Влатко Колев градски прваци во куглање

Во рамките на одбележувањето на 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола се одржа градското првенество во куглање на Битола кое се одржа во кугланата во спортската сала.

Во финалето на Градското првенство во куглање во женска конкуренција победничка е Стефанија Алексовска, со соборено 576 дрвца и 2:2 во сетови. Таа  беше подобра од Андреа Вељаноска која собори 540 дрвца. Во машка конкуренција победник е Влатко Колев со соборени 570 дрвца, а беше подобар од Цане Поповски кој собори 529 дрвца.

Во борбата за третото место Емилија Илијевска ја доби Даниела Ѓуровска со 2:2, додека кај машките Никола Андоновски со резултат над 600 беше подобар од Колев Цане.