Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од Силекс на гостувањето во Кратово

Силекс – Пелистер 1:0 (1:0)

Пелистер од Битола е поразен на гостувањето во Кратово од екипата на Силекс со 1:0, со што кратовчани ум се реваншираа на “пелистерци“ за поразот во Битола со идентичен резултат. Пелистер настапи без капитенот Мирко Ивановски кој “поцрвене“ на дербито со Вардар. 

Резултатот беше отворен уште на почетокот на натпреварот, во 5. минута, кога Ѓорѓиевски  после соло му додаде до Дарко Додев, а овој, фудбалски, од прва, од 18 метри, од лева страна, на шеснаесетникот, биеше прецизно во спротивниот агол за голема радост и водство на Силекс од 1:0.

Следуваа шанси за гол за Силекс, Алиќ биеше над голот, а потот истиот фудбалер беше повторно во шанда за гол, а Андреј Јовчевски одлично интервенираше. Пред крајот на полувремето бележиме и шанда за гол на Ѓорѓиевски.

И во вториот дел Силекс имаше иницијатива и наравија шанси за гол, но битолскиот голман Јовчевски не дозволи да биде совладан. До крајот “пелистерци“ се обидуваа да постигнат гол за реми но не успеаја во тоа.

По 14 кола екипите на Гостивар и Силекс се на делба на првото место со по 27 бода, а Пелистер се наоѓа на седмото место со 16 бода.