Топ Гол – Речица 6:0 (3:0)
Во рамките на 12. коло од ПФЛ-Жени екипата на Топ гол во Битола ја декласира екипата на Речица со конечен резултат 6:0, на полувреме 3:0.
Ве натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ пред околу 100 гледачи, битолчанки со головите на Талевска, Стефановска, Каралиоска, Илиевска и два погодоци на Бумбароска прокнижија нови три бодово на нивно салдо и се искачија на 6место на табела.
-Честитки за издвојуваната победа на моите фудбалерки, ова е многу важна победа зошто е на над директниот конкурент за бегството од опасната зона. Резултатот го отворивме уште во првата минута потоа следеше доминација за време на целиот натпревар. Оваа победа ќе влијае мотивирачки врз нас и ќе ја зголеми нашата самодоверба, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.
За топ гол настапија: Талевска, Јованоска, Давчева, Ристевска, Спировска, Талевска, Каралиоска, Бумбароска, Милевска, Илиевска, Стефановска, уште играа Стојчевска, Куневска и Павловска.
Во следното 13. коло Топ гол ја пречекува екипата на Брера Тиверија во Битола.











