Во рамките на проектот Урбана Агенда на МКЦ-Битола во саботата 9 ноември 2024 година се одржа мултимедијалниот настан Спознавање во објектот на МКЦ Битола на ул. Цар Самоил 29 во Битола.
Настанот кој траеше 5 часа вклучуваше промоција на најновото петто издание на списанието Спознавање, проекција на 3 играни краткометражни филмови во соработка со Младинскиот филмски фестивал. Дополнително беше одржан Базар на млади креативци со учество на Лом Лабел (алишта), Емилија Трајковска (фотографии), Урбаниум (литература), Спознавање (списанија), Луна Адитеја (алишта), Бојана Исијанин (фотографии), Пондер (литература), MM Creations (рачна изработки), Партизанска Штампа (плакати), Словокулт (литература), Изложба – 2nd cycle (ламби) и други.
Настанот продолжи со концертот на Огнен Златанов и Теа Шалдева со нивниот груб и мрачен, еволуиран пост панк звук кој ги обединува годините посветено изучување и изведување најразлична музика во карактеристичниот, современ и длабоко интимен израз по кој се истакнува нивната авторска музика.
Последни настапија групата Алембик кои за прв пат се претставија пред битолската публика со својата авторска музика која е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку алхемиска игра со музичките елементи.
Објектот на МКЦ-Битола беше една голема креативна и уметничка сцена. Благодариме на сите учесници и посетители. Заедно направивме една незаборавна вечер. Проектот Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската амбасада во Скопје.

Мултимедијален настан “Спознавање“ во МКЦ-Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










