Еурофарм Пелистер – Прилеп 46:24 (23:16)
Вечерва во Битола, пред околу 1.000 публика, во салата “Боро Чурлевски“ ракометарите на Еурофарм Пелистер го отворија 11. коло од Супер лигата, лесно дојде до победа над екипата на Прилеп победувајчи го со резултат 46:24, полувреме 23:16.
Еурофарм Пелистер уште во текот на првото полувреме потвди кој е апсолутен фаворит во овој натпреавр кое го доби со 23:16. Во тој период “пелистерци“ ја создадоа предноста благодарение на одличната игра на Филип Кузмановски и Домен Тајник на кои им се придружија Пешевски и Радовојевиќ. 
И второто полувреме бече во знак на Еурофарм Пелистер продолжи со истата игра, а Звонко Шундовски кој беше на клупата на “пелистерци им даде доверба на сите пријавени ракометари и сите, а сето тоа го гледаше новиот тренер Алонсо. Резултатот 46:24 реално ја отсликува ситуацијата на теренот.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со шест голови, а Тајник и Оусама постигнаа уште по пет.
[ngg src=”galleries” ids=”2194″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]











