По натпреварот во АБА2 лигата во Сомбор, кошаркарите на Пелистер денес во Битола продолжуваат со натпреварите во домашното првенство.
Пелистер во спортстаката сала “Боро Чуревски“ во Битола ја пречекува екипата на Шкупи, а вечерва битолчани повторно ќе имаат можност да им дадат поддршка на своите миленици, на патот кон шестата победа во седмиот овосезонски меч на домашната сцена.
-Играме против Шкупи, меч на кој дефинитивно сме фаворити и не бегаме од таа улога. Од друга страна, свесни сме дека во ниту еден случај не треба да ги потцениме, наша цел е да одиграме на високо ниво од почеток до крај на натпреварот. Шкупи има мала ротација на играчи, со наша агресивна одбрана и контрола на скок-играта не би требало да имаме проблеми да ја оправдаме фаворитската улога и да стигнеме до победата.
Натпреварот започнува во 18,30 часот.











