Press "Enter" to skip to content

Две златни медали, три сребрени и три бронзени за учениците од Битола на Државниот натпревар по стрелаштво (фото)

Во просториите на СК РЕК Битола од Битола се одржа (10 метри воздушна пушка). На натпреварот учество зедоа нај истакнатите ученици од општинските натпревари и беа постигнати одлични резултати.Натпреварот беше организиран и реализиран од страна на наставниците и професорите од основните и средните училишта со помош на тренерите на СК РЕК, а на истиот беа присутни и претставници на Федерацијата на училишен спорт, претставници на Општина Битола како и истакнати олимписки стрелци.

Беа постигнати следниве резултати:Основни училишта – мажи:  1. место Даниел Митревски од Битола со погодени 175 кругови,  2. место Димитри Лазарески од Прилеп со 154 кругови и 3. место Стефан Бановиќ Прилеп со 146 кругови.Основни училишта – жени: 1. место Ева Илиоска од Прилеп со погодени 164 кругови, 2. место Антонија Гајтановска од Битола со 144 кругови и 3. место Јована Трајковска од Битола со 126 кругови.Средни училишта – мажи: 1. место  Вања Арсиќ од Битола со 179 погодени кругови, 2. место Андреј Вељаноски од Битола со 170 кругови, 3. место за Михаил Кајтез Битола со 164 кругови.Средни училишта – жени: 1. место за Лина Нојкова пд Кавадарци со 166 погодени кругови, 2. место за Лека Стојановска од Битола со 165 кругови, 3. место за Теодора Христова од Битола со 164 кругови.Претседателот на Општинската федерација Михајло Трампевски и претседателот на СК РЕК Битола Драган Илиоски констатираа дека се постигнати врвни резултати и дека овој спорт има светла иднина.

More from СпортMore posts in Спорт »