Press "Enter" to skip to content

“Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанското Езеро, изложба на лумен-принтови на Кети Талевска Бакревска (фотогалерија)

Вечерва во Офицерски дом во Битола отворена бешеиИзложбата “Ќе ме (С)нема!“  – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска Бакревска од Битола, која отвоисилна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.За изложбата и авторката Талевска – Бакревска зборуваше, Владо Ѓоревски кој рече:-Требаше да се чекаат 50 години за да дојде оваа изложба на Кети Талевска која направи значаен суштински пресек во уметноста кој денес не само што ни е потребна, не само што ни е неопходна, туку е суштината на нашето постоење. Ова е изложба која претставува носталгија или апокалипса на безживотната суша. Нејзините лумен принтови кои ќе исчезнат како што се исчезнува во овој наш свет, брзо и невидливо, досега се нејзина најдиректна потврда: визуелна, ликовна, естетска, со длабока мисловна повеќеслојност дека реалноста или реалниот свет се исклучиво проекција на нашиот субјективитет или она што го гледаме, се повеќе се доближува до еден колективен банален и испразнет поглед на светот, и додаде:-Исчезнувањето на Преспанското езеро е ораториум за исчезнување на овој наш свет, во планетарни димензии. Затоа што нашата се помасовна колективна “реалнст“ составена од нашата доминантна суровост, беслуствителност, деструктивност, себичност, потполна отсутност на љубовтам суетна отчовеченост. Ќе снема е ликовен тестамент, носталгија и најблагородно творечко обраќање пред безживотната пустина во која исчезнува се што има создадено Љубовта на бескрајот.На отворањето на изложбата зборуваше и Сашо Алушевски кој рече:-Преспанското езеро, овој единствен еко систем на земјината топка, нашиот однос кон него, се мотив за едно поинакво творечко изразување  – лумен отпечатоци, направени за да исчезнат. “Ќе ме (с)нема“ е изложба што ја  поврзува фот0графијата со философијата на минливоста, ги спојува меланхолијата и творечката ангажираност во дела настанати со чиста игра на светлината, нагласувајќи ја ранливоста на природата и последиците од човечката интервенција лумен отпечатоци кои, исто како и природата постепени исчезнуваат. Овие кревки дека, како и самото езеро, балансираат на тенката нишка меѓу постоењето и исчезнувањето, нагасувајќи ја минливоста и креативноста на природата.Авторката Кети Талевска – Бакревска на отворањето на изложбата на Ѓоревски и Алошевска за целата помош за реализзација на изложбата и за уредување на просторот каде е поставена изложбата и за испраќање на пораката од оваа изложба.Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Фото: Дамијана Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”2202″ exclusions=”29451″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from КултураMore posts in Култура »