Press "Enter" to skip to content

Домен Тајник: по победата во Данска, битолчани очекуваат нова победа

Утре во Битола ќе се одигра реванш натпреварот против екипата на Фредериција во рамките на групната фаза на Лигата на шампионите, а  Еурофарм Пелистер по гостинската победа е фаворит. Но, сите во тимот знаат дека нема да биде лесно да се дојде со втора по ред победа против екипата на Фредериција, вице премиер на Данска. Победа и нови бодови би биле минување на групната фаза и пласман во осминафиналето.

Токму тоа го нагласи Домен Тајник, свесен дека сите очекуваат триумф на шампионот, ни и дека нема да биде ниту малку лесно и вели:

-Јавноста очекува големи работи од нас на овој натпревар. Сепак, ќе биде многу тешко. Фредериција е одличен тим, а имавме и краток период да работиме со новиот тренер. Добро се подготвуваме и до среда ќе бидеме уште поспремни. Цел град очекува победа и ние ќе го дадеме својот максимум за да ја оствариме. Фредериција игра многу брза и специфична одбрана 3-3 и ние се подготвуваме за нив“, изјави Тајник.

Во моментов Еурофарм Пелистер има три бода во групата и се наоѓа на шестата позиција, а зад него се Висла Плок и Фредериција со по два. 

More from СпортMore posts in Спорт »