Press "Enter" to skip to content

Изложба на графики на светски познатиот графичар од Аргентина, Готлиб во галерија, музеј и ателје “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)

Синоќа во галерија, музеј и ателје “Ранко Струмениковски“ во Битола беше отворена традиционалната изложба по повод денот на раѓањето на реномираниот академски сликар и графичар – Ранко Струмениковски (1936-2000).Оваа година кога се одбележуваат 88 години од роденденот на Струмениковски и на пригоден начин беше отворена изложба на графики на светски познатиот графичар од Арегентина – Леонардо Готлиб, актуелниот добитник на Гран При на меѓународното графичко триенале во Битола.За изложбата и авторот зборуваше Љубица Ангелкова која рече:-Замислете една средба… На една маса, во магливата вечер во Битола, седат Ранко Струмениковски и Леонард Готлиб. Тивки, но мислите им се моќни, линиите и формите им се зборови, а секоја графика е универзален јазик кој го премостува времето и континентите.  Иако физички никогаш не можеле да се сретнат, вечерва, по повод 88-годишнината од раѓањето на Ранко Струмениковски, нивната уметност ќе биде сведоштво за една замислена средба. Ранко, со својата визија за графиката како слика на човечката душа во неговата куќа, во неговото ателје и галерија која семејството ја направи во негов спомен…и Готлиб, со неговите урбани лавиринти што го повикуваат човекот да ја зачува природата, ќе споделат исти вредности – љубов кон деталот, одговорност кон светот и посветеност кон убавото.-Вечерва, во Битола – градот кој го претвори графичкото творештво во свое културно наследство – ќе имаме чест да ја сведочиме оваа имагинарна средба преку делата на Леонард Готлиб, актуелниот добитник на Гран При на Меѓународното графичко триенале во Битола, додаде Ангелкова.Изложбата за отворена ја прогласи Драган Ристевски кој рече дека Делата на Готлиб ќе бидат изложени во чест на 88-годишнината од раѓањето на Ранко Струмениковски, првиот голем мајстор на графиката од Битола. Нивниот заеднички јазик – графиката – вечерва е биде мост што ги премостува времето и географијата. Ова е уметничка и емотивна приказна во  Битола, градот кој и денес ја чува генијалноста на графиката.Леонардо Готлиб е аргентинскиот графичар, роден во Ресистенсија, Чако, креира дела што инспирираат емоции и поставуваат прашања. Со повеќе од 60 награди во својата кариера и дела кои го спојуваат урбаното со митското, тој е мост меѓу минатото и иднината.–Моите графики ги тераат луѓето да се грижат за природата, вели тој, и тоа е она што го прави различен – неговите линии не само што раскажуваат, туку и предупредуваат.

Фото: Дамијана Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”2209″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]

More from КултураMore posts in Култура »