По промоцијата на ноќните натпревари на Пелистер која беше на вечното дерби на македонскиот фудал, Битола одново ја зафати фудбалска еуфорија. Овој пат, вечерва, со почеток во 17 часот под Тумбекафе, на стадуонот “Петар Милошевски“ ќе гостува екипата на Шкендија
Помошникот тренер, Вангел Алтипармаковски, истакна дека мора да се респектира. Но, младиот стратег смета дека со добра игра и поддршка од трибините може да се дојде до поволен резултат.
Вангел Алтипармаковски пред денешниот натпревар рече:
-Денеска не очекува тежок натпревар против лидерот на табелата, тим кој го респектираме и кој е можеби нај сериозниот кандидат за титулата. Ние сме подготвени максимално, очекувам секој да даде повеќе од својот максимум, па заедно со нашиот 12-ти играч, нашите навивачи, предводени од навивачката група “Чкембари“ да успееме да стигнеме до поволен резултат.











