Еурофарм Пелистер 2 – Миултиесенс 22:33 (генерација 2006)
Минатогодишниот финалист и вицешампион на Македонија генерација 2006 на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 не успеа во Битола на свој терен да освои бодови во рамките на 5. коло од младинскиот шампионат на Македонија, од фазата по групи на досега не поразените екипи од наведеното натпреварување.
За домашниот состав најдобри стрелци беа Томче Пецаковски и Карло Буторац со по 5 постигнати погодоци.
Во листата на стрелци се запишаа уште: Велевски Иван 1, Димовски Марко 2, Лозановски Леонид 1, Маркивски Јован 1, Василевски Стефан 1, Илијевски Антонио 3, Фехми Алдин 3 постигнати гола.
И покрај првиот пораз и двете екипи остануваат на врвот на табелата од групата “Б“ и со најголеми шанси за пласман на завршниот турнир за разигрување на шампион на Македонија во младинска категорија.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2213″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]











