Press "Enter" to skip to content

Дејан Манасков: тешко е да се игра во “Веспрем Арена“, по две година ќе настапам таму

Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола денес патуваат во Унгарија, каде утре, четврток, во рамките на Лигата на Шампиони им гостуваат на екипата на Веспрем, од кој беа поразени во Битола.

Дејан Манасков и Урош Борзаш веќе го носеле дресот на Веспрем и знаат против кој ривал ќе играат пелистерци.

Манасков за првпат ќе се врати во Веспрем по неговото заминување пред две сезони, а за тоа како го очекува овој натпревар рече:

-За мене ова е прво враќање по заминувањето од Веспрем и специјален натпревар за мене. Ќе биде тешко, но ќе се бориме и ќе се обидеме да им отежнеме и ако се укаже прилика и да извлечеме позитивен резултат. Деновиве се спремаме специјално за Веспрем и верувам во добар натпревар.  Шансите за осминафинале се тука, ќе се бориме за бодови на секој натпревар и добро е што сите опции зависат од нас. За мечот со Висла ќе бидеме уште поспремни и работите кои ги бара новиот тренер ќе бидат појасни. Ќе се воиграме и верувам дека ќе ја минеме групата. Веспрем има на секоја позиција ракометари од светска класа, имаат ротација и проектирани се за големи работи. Играњето за Веспрем значи битка за освојување на сите трофеи, па и годинава е така. Играат на домашен терен и тешко е да се игра во таа сала. Публиката е гласна, но спортски е да се надеваме и да се бориме до последниот атом од силите.

More from СпортMore posts in Спорт »