Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен на гостувањето од Струга Трим Љум

Струга Трим Љум – Пелистер 0:1

Во рамките на 16. коло од Првата македонска фудбалска лига екипата на Пелистер од Битола гостуваше во Струга каде е поразена од домаќинот Струга Трим Љум со 1:0, полувреме 1:0.

“Пелистерци“ имаа инцијатива на почетокот на натпреварот, но тоа не го искористија да постигнат гол, а прилика имаше и капитенот Ивановски. Од левата страна Карчевски го проигра Мирко Ивановски, а напаѓачот на битолчани се обиде атрактивно да погоди, но не успеа во намерата.  Потоа тимот на Струга Трим Љум ги презеде работите, а прилика  гол имаше Укпа. Во 17. минута од натпреварот Радески го проигра Кехинде која силно и прецизно биеша за  1:0. 

И второто полувреме во знак на домаќинот, а се обиде Талески да постигне гол. Во самиот финиш “пелистерци“ бараа пенал, поради игра со рака на Кривањева.

По 16 кола Пелистет е на 8, место со 16 бода, а на врвот на табелата се Силекс, Шкендија и Гостивар. 

More from СпортMore posts in Спорт »