Денес ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола ќе го играат натпреварот од Лигата на Шампиони против екипата на Веспрем од Унгарија.
Тренерот на “пелисерци“ Раул Алонсо за овој натпревар рече:
-Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од светска класа. Не е лесно да се подготват сите детали за овој натпревар. Имавме три дена за подготовка и се припремиме најдобро. Тешко е да се игра пред фановите на Веспрем, гледачите вршат голем притисок и многу е важно да бидеме најдобри и со добар пристап. Одиме таму за да бидеме во секој дел од натпреварот на висината на задачата. Да го намалиме играчкиот недостаток на минимум. Чави Пасквал е мој познаник со години и чест е да се игра против него. Сум играл неколкупати против неговите екипи и сите знаат дека е меѓу најдобрите тренер во светот. Освои многу трофеи со Барселона и тоа ќе биде голем предизвик за мене.
Еурофарм Пелистер има една победа во меѓусебните дуели против Веспрем и тоа како дел од СЕХА лигата пред шест години.











