Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од Веспрем во Унгарија

Веспрем -Еурофарм Пелистер 33:26 (20:11)

Тимот на Еурофарм Пелистер во рамките на 9. коло на групата “А“ на Лигата на шампионите загуби на гостувањето во Унгарија од шампионот Веспрем со 33:26, полувреме 20:11), во натпреварот, во натпревар во кој домаќините како изразити фаворити, имаа предност во текот на сите шеесет минути.

Натреварот започна со одличен старт на Унгарците кои во 6. минута имаа 5:0. Пелистер намали на  5:2 со убави акции на битолчани. Момците на Пасквал не дозволија изненадување и на половина полувреме имаа предност од +8 (20:11) .

Вториот дел се играше “гол за гол“ од двете страни, но Веспрем ја одржуваше предноста од 7-9 гола. Веспрем рутински извојува победа од 33-26.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер Кузмановски со шест и Радивојевиќ со пет гола, а голманот Митревски запиша 10 одбрани.

Во 10. коло Еурофарм Пелистер го игра веројатно клучниот натпревар во групата, против полска Висла во Битола, а победа ќе значи и поминување на групната фаза.

More from СпортMore posts in Спорт »