Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер како “гостин“ во Битола убедлив против Струга, Костески по девет месеци се врати на теренот (фотогалерија)

Струга – Еурофарм Пелистер 26:43

Наместо во “Нико Нестор“ во Струга, суперлигашкиот дуел меѓу Струга и Еурофарм Пелистер се одигра во Битола, на барање на стружани, кои имаат проблеми со салата, а во улога на домаќини ќе бидат баш гостите.Во Битола, во овој натпревар “гостите“ ракометарите Еурофарм Пелистер запишаа уште една рутинска победа, во првиот денешен натпревар од 13. коло во Суперлигата  со резултат 26:43 и со тоа ја забележаа единаесеттата победа во сезоната. Оваа средба беше одбележана и со враќањето на македонскиот репрезентативец Ненад Костески, кој по долгата пауза од девет месеци поради сериозната повреда на коленото се врати на паркетот и одигра одлично.Првото полувреме помина во знал на “пелистерци“, а по 30 минути резултатот беше 17:19.  Во тимот на  Еурофарм Пелистер се истакна “струшкиот тандем“, Цветан Кузманоски кој постигна седум и Ненад Костески со пет гола.Во вториот дел продолжи како првото, но екипата на Струга целосно се предаде, а од друга страна екипата на Еурофарм Пелистер од минута во минута го зголемуваа водството и на крај се изборија за убедлива победа од 25:43.Иако беа на клупата одмараа Митревски и Кузмановски, малку играше Хосни, а од трибини натпреварот го гледаа Мамдух, Радивојевиќ, Петровиќ, Манасков и Цикетиќ. Кај “пелистерци“ најпрецизни беа Цветан Кузманоски со девет и Нејц Цехте со осум гола, а Ненад Костески натпреварот го заврши со шест погодоци.

[ngg src=”galleries” ids=”2218″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from СпортMore posts in Спорт »