Press "Enter" to skip to content

Вечер продолжува домашниот кошаркарски шампионат, Пелистер гостува кај Работнички, Петровиќ вели нема да биде лесно

Кошаркарите на Пелистер од Битола денес во 19 часот се враќаат во натпреварувачки ритам по репрезетнативната пауза, а сите во таборот на актуелниот вицешампион се свесни дека ќе мора да се игра многу подобро отколку што тоа беше случај во изминатиот период. Последниот домашен пораз од Шкупи беше шок за сите во клубот од Битола па на „зелено-белите“ им е јасно дека треба што поскоро да се вратат во својот препознатлив ритам.

-Работевме напорно во овие изминати десетина дена, максимално користејќи ја паузата. Оној пораз од Шкупи беше како гром од ведро небо за нас, работевме на отстранување на грешките, но истовремено и зборувавме многу со самите играчи, за во продолжението од сезоната да влеземе максимално фокусирани. Јас верувам во мојата екипа, имаме квалитетен состав и очекувам да влеземе во посакуваниот ритам, изјави Александар Петровиќ, стратегот на битолските „зелено-бели“ и додава:

-Вистински дерби дуел против квалитетен противник. Работнички веќе покажа дека приоритет сезонава ќе му биде домашното првенство, формата на тимот пред се на домашните натпревари се движи во нагорна линија и знаеме дека нема да ни биде лесно. Она што ќе биде клучно е да се одигра максимално ангажирано, со цврста одбрана во текот на сите 40 минути. Тие добија многу со доаѓањето на Дубински на плејмејкерската позиција и ќе мораме да внимаваме да ја неутрализираме нивната „пик игра“. Верувам дека ќе биде добар натпревар, дека Пелистер ќе се покаже во добро светло и секако се надевам дека ние ќе излеземе како победници.

More from СпортMore posts in Спорт »