Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер во Битола над Беса, Ивановски го реши победникот (фотогалерија)

Пелистер – Беса 1:0 (1:0)

Попладнево во Битола под Тумбекафе, на стадионот “Петар Милошевски“, беа публика, фудбалерите на Пелистер во последниот есенски домашен натпревар. со минимални 1:0, полувреме 1:0  повторно ја совладаа Беса.Стрелецот на единстевниот гол беше Мирко Ивановски, исто како и и во првиот натпревар од оваа сезона кога Пелистер беше победник.Пелистер уште на отврањето на натпреварот покажаа дека сакаат бодовите да останат во Битола, кога во 6. минута Ивановски се обиде да погоди за водство.Победничкиот гол беше постгант во 19. минута Даниел Карчевски одлично се проби по левата страна, центрираше кон Ивановски, кој биеше од “петерецот“ и ја затресе мрежата на гостинскиот голман. Гостите протестираа, сметајќи дека Ивановски со рака го постигна голот, но судијата Ставрев само го потврди голот.И во продолжението на првото полувреме Пелистер ја имаше иницијативата, а резултатот остана непроменет.Во вториот дел Пелистер повеќе го чуваше својот гол, и успеа во тоа. Гостите имаа прилика за израмнување во 73. минута, но Али од неколку метри го промаши празниот гол на домаќинот.Пелистер се обиде на два пати се обиде да го зголеми водството и да ја потврди победата, но остана истиот резултат, и нова победа за нови три бода.Иако овој натпревар се играше без публика, верните “Чкемабри“ останаа зад трибните 90 минути и го бодреа својот тим, па на крај заедно се радуваа за победата и трите бода.Со овие три бода Пелистер се наоѓа на 7. место на табелата со 19 бода. Лидер на табелата е Шкендија со 36 бода.

[ngg src=”galleries” ids=”2223″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]

More from СпортMore posts in Спорт »