Во оваа сезона, ако не успеавме во изминатата, ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во групната фаза од Лигата на шампионите, а тоа донесе огромна радост во салата “Боро Чурлевски“ во Битола .
По 60 минути борба за победа, за секоја гол, со одлична одбрана “пелистерци“ се радуваа на победата, а радоста беше и на трибините кај гледачите, кои беа “гладни“ за победа, над некој шампион од лигата.

А дека биле “гладни“ и чекале скоро три години за европска победа се виде по тоа на каков начин се радуваа, на начин кој им прилега, со песна за Битола, со скандирање на името на голманот на Митревски за неговите одбрани, со порака дека сакаат домашна титула.
Но, време за радоста нема, ракометарите ќе се подготвуваат за вечното дерби со Вардар кое е закажано за 14 декември во Битола, а публиката за ново “славје“ во храмот на ракометот.
До нова победа и радост ќе ужуваме во фотографиите од натпреварото Еурофарм Пелистер 0 Висла.
[ngg src=”galleries” ids=”2228″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”40″]










