Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер стигна до 45 гола, Бисимов издржа само едно полувреме (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Бисимов 45:31 (21:19)

Вечерва во Битола ракометарите на Еурофарм Пелистер ја победија екипата на Бисимов од Велес со 45:31, полувреме 21:19, а тренерот Раул Гонзалез на терен “извади“ комбиниран состав во кој имаше повеќе млади ракометари.Натпреварот беше отворен со изненадување, осносно со водство на велешани од 1:4, а потоа Пелистер до половина од полувремето направија реми, а и поведоа. “Пелистерци“ не направија голема разлика и на полувреме се замина со +2 (12:19).Но, во вториот дел се со дојде на свое место, разликата од минута во минута се зголемуваше, а имаше и серија голови за победа. Предноста беше двоцифрена, а на крај беше изразена со +14 (45:31).Најефикасни рекометари кај Еурофарм Пелистер беа крилата Цветан Кузманоски и Ненад Костески кои постигнаа по шест гола.

[ngg src=”galleries” ids=”2231″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from СпортMore posts in Спорт »