Во рамките на 11. коло од Младинската и кадетската лига за жени двете екипи на Топ гол од Битола издвојуваа победи над младинските екипи на Саса.
Во натпреварите кои се одиграа на фудбалското игралиште Павел Шатев во Битола , домашните со идентичен резултат од 4:0, ги победија своите врснички и во младинска и во кадетска конкуренција.Головите за кадетките на Топ гол ги постигнаа: Ѓоргиевска, Трајческа и на два пати стрелаше Коњановска, додека головите за младинките ги постигнаа: Соклевска, Јоновска, Шабановска и Коњановска.
-Ова се важни победи за нас зошто бркаме прво место на табелата со двете генерации. Имаме сериозен пристап кон младонскиот погон зошто од таму црпиме играчи за во сениорска конкуренција. Честитки за фер-плејот односот на двете екипи, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.
Следниот викенд Топ гол ја пречекува екипта на Скопје во директен дуел за врвот на табелата.