Press "Enter" to skip to content

Дожд од плишани играчки за децата од ранливите категории, хумана иницијатива на Еурофарм Пелистер (фотогалерија+видео)

Иницијативата на Еурофарм Пелистер љубителите на ракометот во Битола да донесат во салата “Боро Чурлевски“ и на полувремето да се фрлаат на паркетот плишани играчки беше прифатена.  Како и пред четири години, пред короната, во салата “Боро Чурлевски“ Битола се организира хуманитарна акција со фрлање на играчки на теренот. По звукот на сирената публиката одговори и го послуша апелот на клубот. Овие плишани играчки ќе бидат донирани за божиќните и новогодишните празници на децата од ранливите категории.Само што судиите “свирнаа“ крај на првото полувреме се случи “дожд“ од стотици плишани играчки од двете трибини, а сите во салата овој гест на битолчани го испратија со аплауз.

Вработените во салата плишаните играчки го собираа десетина минути во колички и вреќи, а поради големиот број на “мечиња“ во собирањето се вклучија луѓето од клубот и дел од младинците кои беа во салата.

Идеја на клубот за поздравување, но за поздравување и гестот на битолчани кои издвоија од својот џеб покрај за влезница и за подарок за децата од ранливите категории.Од клубот велат дека со оваа порака сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.Инаку, овој тренд веќе долги години е присутен во Европа, токму пред новогодишните и божиќните празници, а вечерва во Битола по втор пат се иницира во Битола и тоа супер успешно.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »