Press "Enter" to skip to content

Концертот “Пејте со нас“ на школата “Korunovska music & singing“ магија што ги обединува генерациите! (фотогалерија)

Синоќа во Народниот театар во Битола школата за музика и пеење “Korunovska music & singing“ од Битола го организира второто издание на концертот “Пејте со нас“, а тоа беше вистинско славење на музиката, љубовта и заедништвото, инспирирано од Светскиот ден на хорското пеење.
На сцената на театарот во Битола настапија над 100 деца на возраст од 2 до 16 години, носејќи ја магијата на пеењето во секој тон:-“Беби Sвон“ – најмалите пејачи, на возраст од 2 до 4 години, кои внесоа радост и нежност на сцената,-“Ѕвончиња“ – хор со 19-годишна традиција, кој претставува гордост на Битола со својата посветеност и извонредни изведби, и-“ПопРокет“ – младите тинејџери кои со енергијата и стилот го носат духот на поп и рок музиката.
На концертот како специјален гостин настапи Ана Ванчевска, ученичка на школата Коруновска, која достоинствено јсо својот партнер Алексеј, ја претстави Македонија на детската Евровизија 2024 во Мадрид.-Светскиот ден на хорското пеење се одбележува секоја втора недела од месец декември, но поради чествувањето на Св. Климент Охридски се одлучивме да го одбележиме е на 15 декември.  Минатата година, за првпат во Македонија, овој ден беше одбележан токму во Битола. Со визија за иднината, веќе планираме следната година да создадеме хорски викенд, со учество на хорови од Битола, Македонија и странство,  кој ќе биде збогатен со работилници и повеке концерти, со што би создале традиција која и доликува на Битола, рече Марина Коруновска, основач на “Korunovska music & singing“.Битолчани не ја пропуштија единствената можност да бидат дел од оваа празнична и емотивна вечер, каде музиката ги обедини срцата и создава спомени што траат засекогаш.-Со “Пејте со нас“, хорското пеење продолжува да инспирира и да ја шири својата магија!, порачаа од “Korunovska music & singing“.

Фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »