Press "Enter" to skip to content

Падна договор, Жарко Пешевски не мрда од Битола уште една година

Денес Еурофарм Пелистер од Битола го официјализира останувањето на кружниот навивач Жарко Пешевски уште една година, а веќе е заверен новиот договор за следната сезона.  Пешевски имаше важечки договор до крајот на оваа сезона, сега стави потпис на едногодишен договор, а има и опција за продолжување на уште една.

Шампионот на Македонија продолжува со својата стратегија да ги задржи најбитните елементи од последните две шампионски генерации што е можно подолго во клубот. Во таа линија горди сме и на денешниот потпис. Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во нашиот дрес. По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафиравме нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот“, се вели во соопштението на клубот од Битола. 

Жарко Пешевски Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Еурофарм Пелистер, а има настапувано и за  Металург и Мотор Запорожје.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »